Арсен Венгер е најсериозен кандидат да седне на клупата на Баерн Минхен откако Нико Ковач доби отказ, пишуваат германските „Билд“ и „Спорт1“.
Според двата извори, Венгер е заинтересиран за ангажман до крајот на сезоната како привремено решение кога Баерн ќе одлучи дали ќе го задржи или ќе бара друго тренерско име
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фаворит на Барн е Ерик Тен Хаг, но со оглед дека тој јасно кажа дека нема да го напушти Ајакс на сред сезона, ќе се чека до лето. Баерн затоа треба да ангажира привремен тренер, фаворит за таа улога е Арсен Венгер“, пишува „Спорт1“.
„Директорите на Баерн знаат дека Венгер ќе каже „да“ ако го повикаат, дури и како привремен тренер“, тврди „Билд“.
Славниот тренер минатиот месец наполни 70 години, а без ангажман е од пролетта 2018 година кога после 22 години го напушти Арсенал.