Дома Останати Тенис Бизарно: Жена со зуење како пчела го налути Циципас 🎥

Бизарно: Жена со зуење како пчела го налути Циципас 🎥

На мечот помеѓу Циципас и Бен Шелтон на Синсинати на турнирот во Синсинати видовме еден бизарен момент каков што не се гледа често на тениските терени.

Грчкиот тенисер се подготвуваше да сервира, но наеднаш застана пред да го удри топчето и се упати кон судијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Некој зад мене имитира пчела“

„Да?“, му возврати судијата

„Пред да сервирам се слуша зуење“.

„Ќе се погрижам“, му одговори судијата.

Не застана тука Циципас се сврте кон судијата и праша кој е. Тогаш човек од погорните редови покажа кон една госпоѓа која се правеше како да не знае што се случува. Кога дозна за кого се работи, Циципас повторно се обрати до судијата.

„Госпоѓата зад мене го прави тоа. Мора да замине. Вакво нешто никогаш не ми се случило претходно“, искоментира Циципас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…