Рис Вебер со 16 години играше за јуниорите на Манчестер Сити, а во 2010 година потпиша професионален договор со кој заработувапе 1,2 милиони евра годишно.
Вебер се сметаше за еден од најголемите таленти, но не успеа да се наметне, па беше позајмуван во неколку нисколигаши, а во 2017 година стави крај на кариерата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Неколку години пред крајот на кариерата вложил 17.000 фунти во онлајн продажба на облека и десет години после тоа заработил 37 милиони евра.
Вебер сега отвори продавница во лондонскиот „Оксфорд Стрит“, една од најексклузивните улици во Англија.
„Татко ми секогаш ми велеше дека ми треба финансиска стабилност. Во 2013 години креиравме два наши брендови и лансиравме колекции. Не напредував во фудбалот како што планирав, од друга страна работата растеше со голема брзина и морав да донесам одлука. Морав да изберам што да работам и се откажав од фудбалот“, објасни Вебер, кој беше младински репрезентативец на Англија.