Фудбалерот на Реал, Герет Бејл му се повери на еден свој пријател во соблекувалната, Лука Модриќ и како што е наведено е подготвен да го напушти „кралскиот клуб“.
Шпански, Дон Балон донесе ексклузивна информација дека Бејл преку „Whatsapp“ се допишувал со Хрватот и му најавил заминување од клубот, бидејќи не е задоволен од третманот од страна на Флорентино Перез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бејл е лут на првиот човек на клубот кој има намера да го донесе Мбапе ова лето, а тоа би значело дека за Велшанецот нема да има место во екипата.
Бејл е незадоволен и од статусот кај Зидан затоа што го нема статусот на „недопирлив“ како Роналдо и Бензема и единствен е во нападот кој може да го загуби местото во тимот, што се покажа во финишот на сезоната кога се играше во формација 4-4-2.
Јасно е дека целата оваа ситуација ја следи Манчестер Јунајтед и дека тоа е клубот кој во моментов би сакал да го донесе.