Maроканецот кој блескаше на Светското првенство во Катар, Јасин Бон беше пред трансфер во Баерн Минхен, но како што изгледа и тој ќе се одлучи за милионите во Саудиска Арабија.
Баерн преговараше со чуварот на мрежата на Севиља, но не можеше да му даде плата колку што понуди Ал Хилал. Севиља од саудискиот клуб ќе добие 21 милион евра, додека Боно ќе заработува 10-12 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот кој ќе го потпише мароканскиот голман ќе биде на четири години и ќе им се приклучи на Нејмар и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Пред преселба во овој клуб е и Александар Митровиќ.
Боно беше и една од опциите за замена на Тибо Куртоа, меѓутоа Реал на крајот го доведе Кепа Аризабалага од Челзи. Сега, откако ја изгуби трката за Боно, Баерн нема многу опции, Де Геа е пред преселба во Челзи, па германскиот гигант се насочува кон Хуго Лорис.
Баерн сака да пронајде голман кој ќе го замени повредениот Мануел Ноер кој според информациите ќе биде надвор од терените уште неколку месеџи по повредата која ја заработи на скијање во јануари.