Дома Топ вести Бернардо Силва се сели во Барселона

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манчестер Сити на крајот на сезоната.

Барселона минатото лето силно го посакуваше Португалецот, но немаше финансиска моќ да го реализира трансферот, а Бернардо Силва се уште е голема желба на Каталонците.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


29-годишниот Португалец минатото лето потпиша нов договор со Сити со важност до 2026 година, но во него има клаузула што ќе важи од летово и ќе се однесува само на Барселона и изнесува 58 милиони евра.

Силва веќе има договор со Барселона и негова голема желба е да се пресели во каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…