Дома Фудбал Лига на шампиони Бернардески: Лудост би било Роналдо да добие суспензија

Бернардески: Лудост би било Роналдо да добие суспензија

Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески смета дека УЕФА не би смеела да го суспендира Кристиано Роналдо поради прославата против Атлетико Мадрид.

Португалецот после третиот погодок во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид неспоретски се радуваше и УЕФА поради тоа отвори постапка против него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Роналдо ја копираше прославата на Диего Симеоне кој после првиот натпревар во Мадрид го покажуваше своето меѓуножје.

Затоа Португалецот му возврати на Симеоне во реваншот во кој Јувентус го елиминираше Атлетико од овогодинешното издание на Лигата на шампионите.

„Мислам дека не треба ништо да додадам…Тука нема што да се гледа, ако УЕФА го суспендира Роналдо тоа би било лудост. Сигурен сум дека се ќе биде добро“, изјави неговиот соиграч Бернардески.

Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Ајакс, првиот натпревар на програмата е на 10-ти април во Амстердам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лоши вести од Англија: Лестер чекори кон трета лига!

Нема долго време откако беа клуб кој го постигна најневеројатниот успех во историјата на П…