Спореди играта која ја прикажува Милан на стартот на сезоната, навивачите стравуваат дека ова е уште една сезона во која нема да имаат многу причини за задоволство.
Во дербито против Интер, Милан изгуби со 2:0, но беше комплетно надигран, само благодарение на Донарума на голот не примија повеќе погодоци.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сега отворено за ситуацијата во Милан зборуваше Силвио Берлускони кој денес е сопственик на Монца.
Берлускони искрено порача дека Милан изгледа разочарувачки и дека не може да го гледа.
„Не го гледав дербито против Интер. Подолго време не ги гледам нивните натпревари и не сакам многу да зборувам за Милан. Нивниот стил на игра ме разочарува. Во овој Милан според мене има само еден шампион, а тоа е Сусо. Ќе ги советувам да го стават на позиција каде што ќе има повеќе контакт со топката и почесто ќе ги разигрува. Засега не го користат на таков начин“, изјави Берлускони.
Неодамна Берлускони и порача дека кога би играле натпревар, неговата Монца може да го победи овој тим на Милан.