Дома Фудбал Останато Бербатов објасни зошто не е добро да се игра пред празни трибини

Бербатов објасни зошто не е добро да се игра пред празни трибини

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Димитар Бербатов верува дека продолжувањето на сезоната без присуство на публика многу би влијаело на квалитетот на натпреварот.

Играњето пред празни трибини е нешто од кое нема да може да се избега кога сезоната ќе продолжи. Се шпекулира дека навивачи на стадионите нема да има до крајот на 2020 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Натпревар со публика и без публика не е ист, така смета и Бербатов.

„Да се игра пред празен стадион не е исто како кога има публика. Тоа го знаат сите. Играчите така можат да се слушат едни со други, можат да ги слушнат и своите тренери, но тоа не е фудбалска атмосфера“.

„Кога ќе излезете на терен и ќе видите дека нема публика, се чуствувате како да играте тренинг натпревар, без оглед што таа може да биде важна. Сето тоа може да придонесе за низок квалитет на фудбалот“, изјави Бербатов.

Инаку, прва од топ 5 пренства ќе започне германската Бундеслига која стартува на 16. мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најужасната несреќа во историјата на велосипедизмот – Италијанката излета преку ограда и остана неподвижна!

Италијанската велосипедистка Дебора Силвестри доживеа страшен пад кој моментално го задржа…