Дома Фудбал Останато Бербатов: Бев шокиран, Меси го направи тоа кое новинарите едвај го чекаат

Бербатов: Бев шокиран, Меси го направи тоа кое новинарите едвај го чекаат

Голема прашина се крена во јавноста по повод конфликтот помеѓу Меси и Ерик Абидал.

Ќе потсетиме, Абидал во интервју за „Спорт“ изјави дека играчите биле одговорни за отказот на Валверде. Оваа негова изјава првата ѕвезда на тимот, Лионел Меси ја сфати лично и јавно преку Инстаграм му испрати одговор да појасни на кого мисли.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На оваа тема свој коментар даде и поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов.

„Несогласувања има секаде, во сите големи екипи. Меѓутоа никој од нив не треба да заборави дека играат во ист тим. Ситуации каква оваа со Меси и Абидал не треба да излегуваат надвор од клубот. Го познавам Абидал, играв со него во Монако. Навистина бев шокиран кога Меси јавно го критикуваше. Тој го направи она кое новинарите едвај го чекаат“.

„Меси е од огромна важност за Барселона, за него може да се каже дека е е човек-тим. Се надевам дека многу брзо ќе ги решат проблемите помеѓу нив“, изјави Бербатов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшна повреда на Мусиала, два црвени картони и победа на Баерн за полуфинале! (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ обезбедија место во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако…