
Хатем Бен Арфа дефинитивно ја добие најинтересната понуда за продолжување на кариерата…
Бен Арфа во ПСЖ не играше 15 месеци, „прослави“ и годишнина од неиграње, па се налути и сега веќе на поранешниот тренер Унаи Емери му порача дека никогаш нема ништо да направи, па беше исфрлен од првиот тим.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Французинот така тренираше со младинците и добиваше пет милиони евра по сезона, сега договорот му истече и е слободен во изборот на новата средина.
Интерес постоеше од Лион и Борусија Дортмунд, се пишува и за англиските клубови, но конкретни понуди се уште нема.
Освен една!
Во прашање е аматерскиот клуб Кастесис-Гоуз од Пиринеите кој на Бен Арфа му понудил 800 евра месечна плата, плус бонуси. За секој гол кој ќе го постигне по 20 евра, додека за секој црвен кој ќе го направи 30 евра!