Се ближи 29. ноември кога ќе биде објавен добитникот на Златната топка“.
Карим Бензема е еден од оние за кои гласно се зборува дека треба да ја добие оваа награда. Во претходната сезона Бензема беше втор најдобар стрелец во Ла Лига со 30 голови и така го изедначи својот најдобар резултат во тој параметар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Златната топка? Ќе видиме што ќе се случува. Се надевам дека ќе ја добијам. Мило ми е што сум во конкуренција. Радосен сум и среќен и се надевам дека работите ќе продолжат вака да се развиваат“, изјави 33-годишниот Бензема.
Дека Бензема треба да ја добие топката смета и Тиери Анри.
„Да бидам искрен се надевам дека Бензема ќе ја освои Златната топка“.
Слично мислење има и Зидан.
„Бензема е фантастичен фудбалер. Тој добро се сложува со другите, знае многу да работи на теренот и мисла мдека треба да ја добие Златната топка“, изјави Зидан.
Ќе потсетиме во 2020 година Златната топка не беше доделена поради пандемијата која скрати многу првенства, а во 2019 година ја доби Лионел Меси.