Tрансферот на Џуд Белингам во Реал Мадрид за сума од 115 милиони фунти е новиот најскап трансфер во историјата на англискиот фудбал
Момчето родено во Стурнбриџ 2003 година стана најскапиот англиски фудбалер на сите времиња прескокнувајќи го на вечната листа Џек Грилиш. Грилиш пред две години од Астон Вила се пресели во Манчестер Сити за 100 милиони фунти и оваа сезона го постигна најголемиот успех со „граѓаните“ освојувајќи триплета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е во целост, но Грилиш до некаде успеа да ги оправда вложените средства, додека третиот на листата целосно потфрли. Станува збор за Хари Мегваер за кого Јунајтед на Лестер му плати сума од 80 милиони фунти.
На четвртата позиција е уште еден фудбалер на „црвените ѓаволи“, Џејдон Санчо. За него Јунајтед на Борусија во 2021 година и плати сума од 73 милиони фунти. Санчо за Јунајтед одигра 41 натпревар, постигна седум гола и запиша три асистенции, што секако не е доволно за таа сума.
The most expensive English player of all-time 💷 pic.twitter.com/ywIgn7rjVK
— Sky Sports Football (@SkyFootball) June 14, 2023