По слабата мината сезона, Хектор Белерин заигра многу подобро во овој клуб кога пристинга Унаи Емери. Сепак, дојде повреда, во непосакувано време.
Белерин ќе го пропушти остатокот од сезоната, а големо е прашањето дали ќе биде подготвен за почетокот на следната.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Емери беше прашан дали ќе побара засилвуање на позицијата десен бек, а одговорот беше негативен, смета дека во својот тим има доволно играчи кои можат да го заменат Шпанецот.
„Го имаме Ајнсли Мејтланд Нилс, тој игра добро на позицијата десен бек или десно крило, тука е и Лихштајнер кој може да игра тука, што значи, имаме доволно играчи. Не го заборавам ниту Џенкинсон“, изјави Емери.