Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам откри во програма на „Би-Би-Си“ дека Манчестер Јунајтед во 2003 година го продал на Барселона, но тој одбил да се пресели на „Ноу Камп“.
Бекам како голема ѕвезда на Манчестер Јунајтед беше многу баран, на крајот заврши во Реал Мадрид. Сега Бекам откри што се случувало во летото 2003 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Слушнав гласини дека сакаат да ме продадат. Бев на одмор во САД со Викторија и еден пријател ми кажа дека на „Скај Спорт“ гледа како зборуваат дека Јунајтед се договорил со Барселона. Веднаш му кажав: Не може тоа така, јас ништо не знам“.
„Веднаш отидов во Лондон. Се обидев да разговарам со Питер Кенје, како и со менаџерот, но ме одбија. Им кажав дека сакам да ми објаснат што се случува и тогаш ми кажаа дека се договориле со Барселона“, откри Бекам.
Сепак, Бекам ја одбил Барселона, а подоцна се пресели во Реал Мадрид.
„Го побарав мојот агент и му кажав: Ако морам да заминам, ќе одам во Реал Мадрид. Седнавме со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и постигнавме договор“, изјави Бекам.
Бекам во Реал играше четири години, одигра вкупно 155 натпревари и постигна 20 голови.