И во 27-то коло од ВМФЛ фаворитите ја оправдаа својата улога и славеа победи.
Воска Спорт која игра одлично оваа сезона пред својата публика беше подобра од Арсими со 3:1 и така ја задржи предноста во однос на второпласираниот Гостивар кој исто така поебди денес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Победникот беше одлучен уште во првото полувреме кога погодуваа Демири и Фетаи. Во второто видовме по еден гол на двете страни.
Сигурна победа забележа и Гостивар против Охрид со 3:0. Гостивар со овој триумф остана на втората позиција која носи директно во ПМФЛ. Гостивар има четири бода помалку од Воска и два повеќе од Вардар.
Од трката за директен влез во ПМФЛ не се откажува и Вардар. Црвено-црните славеа минимално со голот од пенал на Митев во 81-та минута.
ВМФЛ 27-ТО КОЛО:
Беласица – Вардар 0-1
Гостивар – Охрид 3-0
Воска Спорт – Арсими 3-1
Тетекс – Пелистер 1-1
Беса – Детонит 3-0
Слога Виница – Кожуф 2-1
Локомотива – Караорман 4-0
Каменица Саса – Борец 3-0