
Дербито на источниот регион донесе голема драма, но Брегалница на домашен терен не успеа да ја капитализира шансата за преземање на врвот во Втората македонска лига. Штипјани паднаа со минимални 0-1 против храброто Осогово, иако резултатите од другите мечеви им одеа во прилог по поразот на Шкендија Арачиново кај Новаци.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако Брегалница има за што да жали, мора да се признае дека гостите од Кочани одиграа дисциплиниран и пожртвуван натпревар, па трите бода не се изненадување. Единствениот гол падна во првото полувреме, во период кога двете екипи беа рамноправни. Домашните пропуштија низа шанси, промашија дури два пенали и погодија статива – детали кои на крај ги чинеа скапо.
Слична судбина ја снајде и Шкендија Арачиново, која со 0-1 се врати од гостувањето во Новаци. Сепак, благодарение на киксот на Брегалница, тимот остана на лидерската позиција. Голот на Новаци беше вистински бисер и го зацврсти вториот пораз по ред за Шкендија, по оној во дербито со Брегалница.
РЕЗУЛТАТИ:
Осогово – Брегалница 0-1
Новаци – Шкендија (А) 1-0
Скопје – Големо Коњари 4-0
Каменица Саса – Беласица 0-2
Охрид – Детонит 1-0
Преспа – Слога Виница 1-2
Вардар Неготино – Победа 0-0