Дома Фудбал Лига на шампиони Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Без голови на дербито, Миовски не доби шанса во Париз

Манчестер Сити и Интер одиграа меч без голови, ПСЖ во последните минути ја победи Џирона, а Миовски не доби шанса.

„Граѓаните“ не успеаа да го пробијат организираниот Интер кој беше дефанзивно настроен и добро се бранеше. „Нероаѕурите“ се закануваа преку контранапади, а Сити создаде неколку добри шанси но не успеа да постигне гол.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Џирона доживеа пораз од Пари Сен Жермен со 1-0, благодарение на голот на Нуно Мендеш во 90. минута, а нашиот Бојан Миовски остана на клупата и не доби шанса.

Најефикасно беше во Глазгов каде Селтик со 5-1 ја совлада екипата на Слован Братислава.

Висока победа запиша и Борусија Дортмунд која славеше со 3:0 на гостувањето кај Клуб Бриж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…