Дома Македонски спорт Мак фудбал Бајрами: Фудбалерите ги исполнуваат задачите, тие се најзаслужни за овој успех

Бајрами: Фудбалерите ги исполнуваат задачите, тие се најзаслужни за овој успех

На последниот натпревар во ПМФЛ фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров забележаа убедлива победа против Академија Пандев.

Беа во криза „лавовите“ од Ѓорче, но под водство на Бајрами тимот започна да игра многу подобро. Бајрами заслугите ги остава на фудбалерите.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


,,Најзаслужни за овој успех се играчите. Тие го исполнуваат сето она коа им се дава како задача. Знаат што бараме и тоа на терен максимално го исполнуваат. Навистина сум задоволен од нивното залагање, од нивниот придонес на теренот, а и самите резултати делуваат мотивирачки. Се искачивме на табелата, поминавме понатаму во Купот, и во тој стил да продолжиме и во последното коло од есенскиот дел, а потоа да одиме на заслужен одмор“, изјави Бајрами.

Во овој момент тимот на Македонија Ѓорче Петров е шестопласиран со 24 бода. За викендот ги очекува натпревар против Работнички.

Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…