Дома Фудбал Баш немаше среќа: Овој офсајд на Јовиќ може да го види само ВАР (ФОТО)

Баш немаше среќа: Овој офсајд на Јовиќ може да го види само ВАР (ФОТО)

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ се уште е без гол во дресот на Реал Мадрид.

Реал Мадрид вчера ја победи Осасуна на „Сантијаго Бернабеу“ со 2:0. Головите за Реал ги постигнаа младите бразилски фудбалер Винисус и Родриго, а многу блиску до првиот гол во дресот на Реал беше Лука Јовиќ.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Младиот напаѓач ја затресе мрежата на тимот од Памплона. Го прослави голот, но потоа реагираше ВАР и неговата славје беше прекинато.

После прегледувањето на снимката се гледа дека Јовиќ е во офсајд само милиметар или два.

Јовиќ после натпреварот даде свој коментар за оваа ситуација.

„Важна е победава вечерва. Не сум среќен затоа што останав без гол, но бев блиску“, истакна Јовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eдвај ја преживеа страшна сообраќајна несреќа, а сега по седум месеци се врати на терените

Напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио, се врати на теренот по ужасната сообраќајна несреќа …