Дома Фудбал Еден од најдобрите сезонава: Фудбалер во Ла Лига постигна спектакуларен гол од слободен удар (Видео)

Еден од најдобрите сезонава: Фудбалер во Ла Лига постигна спектакуларен гол од слободен удар (Видео)

Фудбалерот на Осасуна, Рубен Гарсија, во натпреварот против Атлетик Билбао постигна спектакуларен гол од слободен удар.

Осасуна водеше со минимални 1:0 по првите 45 минути против гостинскиот тим, додека главна тема на социјалните мрежи е токму Рубен Гарсија.

Домаќините го отворија резултатот во 34. минута кога Гарсија постигна фантастичен погодок од слободен удар.

Иако топката беше над 30 метри оддалечена од голот, Гарсија со неверојатен удар успеа да го совлада голманот на Атлетик за 1:0, што предизвика експлозија на одушевување кај навивачите на Осасуна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тага во хрватскиот фудбал: Почина 23-годишниот Ковачевиќ, ден претходно беше на терен

Ариан Ковачевиќ настапи во победата на Раднички од 4:0 против Белје, а следниот ден клубот…