Претседателот на Барселона Хозе Марија Бартомеу вчера имаше интервју за официјалната страна на Барселона во кое зборуваше за актуелната ситуација.
Бартомеу одговори на многу прашања и категорично стави крај на шпекулациите за евентуалното заминување на Лео Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Меси останува најдобриот фудбалер на светот. Тој е број еден и игра за нашиот клуб. Секој знае дека Лео има договор до 2021 година. Честопати разговарам со Меси и неговиот татко. Тие знаат дека во тимот доаѓа нов тренер. Меси сака да ја заврши кариерата во Барса. Тој тоа го кажал многу пати. Имав разговор со Куман, кој истакна дека Меси ќе биде во срцето на неговиот проект“, изјави Бартомеу.
Претседателот на Барса исто така потврди дека неколку големи ѕвезди ќе бидат продадени ова лето, а проговори и за евентуалниот трансфер на Лаутаро.
„Ние бевме во преговори со Интер пред сезоната да сопре, преговорите беа прекинати кога натпреварувањата продолжија. Ние ќе разговараме со новиот тренер за да ја увидиме неговата визија за иднината на тимот“, истакна Бартомеу.