После последното „Ел Класико“ во кое Реал Мадрид изгуби со 0:3 против Барселона еден од оние кои беа предмет на исмејување беше Хрватот, Лука Модриќ.
Модриќ после годината во која освои сребро на Светското првенство и освојувањето на Лигата на шампионите со Реал Мадрид беше прогласен за најдобар фудбалер во светот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хрватот после „Ел Класико“ беше предмет на исмејување на социјалните мрежи, а за се е виновна една фотографија на која се најде со Лионел Меси.
Модриќ во обидот да дојде до топката го влечеше Меси за дресот, а таа фотографија стана вирален хит.
На социјалните мрежи се појавуваа разни коментари за оваа фотографија, а сега провкација до Модриќ испрати и Барселона од својот официјален Твитер профил.
„Многу е полесно да се добие дресот на Меси така што ќе одите во нашата онлајн продавница“ , напиша Барселона под фотографијата.
Сигурно дека ова е голема провокација за играчот на Реал Мадрид кој сега би можел да добие дополнителен мотив пред натпреварот на овие ривали во рамките од Ла Лига.
Новото „Ел Класико“ на програмата како што кажавме е утре во терминот од 20:45 часот.
Кога е Модриќ во прашање треба да споменеме дека неодамна шпанските медиуми „АС“ и „Мундо Депортиво“ пишуваа дека Хрватот наскоро ќе стави потпис на нов договор(тука) со важност од 2024 година.