Дома Трансфер зона Барселона сакала да го врати Тиаго, но Баварците биле разочарани од понудата

Барселона сакала да го врати Тиаго, но Баварците биле разочарани од понудата

Шпанскиот репрезентативец Тиаго Алкантара пред неколку дена потпиша за Ливерпул во кој пристигна од Баерн.

После седум сезони тој одлучи да го напушти Баерн и да се пресели во ПЛ. Ливерпул за него плати 30 милиони евра, а Тиаго потпиша договор на три години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тиаго веќе викендот го имашe своето деби за Ливерпул во победата против Челси. Пред да се реализираше трансферот во Ливерпул имаше шпекулации дека Тиаго може да се врати во Барса.

Познато е дека тој е дете на каталонскиот тим, меѓутоа во 2013. година премина во Баерн поради незадоволство од минутажата, а денеска се чини дека Каталонците премногу лесно се откажале од него.

Барса ова лето имаше намера да го врати на Камп Ноу, но тоа не им успеа. Шпанските медиуми пишуваат дека во Баерн биле разочарани кога пристигнала понудата.

Имено, „Кадена СЕР“ пишува дека Барселона за Тиаго испратила понуда вредна 10 милиони евра, што придизвикала разочарување кај Баварците и на крајот тој се одлучи да потпише за Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…