Она што се најавуваше денес Барселона само го потврди – Осман Дембеле мора да оди на операција.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Французинот ќе мора да направи операција на мускулот на десната нога и таа ќе биде направена во вторник во Финска, Засега колку точно ќе паузира не е познато, тоа ќе се знае по операција, сепак јасно е дека за него сезонава е завршена.
Повредата на Дембеле е проблем во нападот и сега ќе се чека зелено светло од федерација за вонреден трансфер.
Во медиумите веќе се споменуваат играчите кои би можеле да пристигнат на „Камп Ноу“, тоа се Кристијан Стуани од Жирона и Анхел Родригез од Гетафе.
Инаку, при овој трансфер бидејќи е надвор од преодниот рок постои услов играчот да мора да е регистриран во шпанскиот сојуз, што значи дека Барселона не може да довед еиграч од друго првенство.