Барселона и Манчестер Сити разговараат за размена на играчи.
Како што тврди каталонски „Спорт“, Барса му понудила на Манчестер Сити размена на играчи во која сакаат да го обезбедат потписот на дефанзивецот Ерик Гарсија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гарсија е дете на Барселона. Роден е во овој град, но 19-годишниот дефанзивец пред три години одлучи да го напушти клубот и да се пресели во Манчестер Сити.
Сега Каталонците ќе се обидат да го вратат. Спорт пишува дека Барса понудила размена, а подготвени се на Граѓаните да им го отстапат Нелсон Семедо.
За оваа зделка да биде реализирана, Сити во Шпанија би го испратиле и Кансело, кој пред три години пристигна во клубот од Јувентус.
Ќе биде интересно да се види дали на крајот Сити ќе се согласи на ваква размена.