Дома Трансфер зона Барселона и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Барселона и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Цело лето се шпекулираше дека Ракитиќ ќе ја напушти Барселоан и дека ќе биде вклучен во потенцијалниот трансфер на Нејмар, на крајот сепак остана на „Камп Ноу“.

Ракитиќ беше во втор план кај тренерот Валверде, па порача дека ако нешто не се промени сигурно ќе побара нов тим.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентивец откри и дека голем интерес за него покажал Јувентус, дури и Кристиано Роналдо го повикал, сепак трансферот не се реализирал затоа што Барселона барала оштета која Јувентус не бил спремна да ја плати.

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ открива дека Јувентус во јануари повторно ќе се обиде да го донесе Ракитиќ и е спремен да понуди трампа со Рабио, за кого Барса покажува Интерес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…