Дома Топ вести Барселона и Манчестер Јунајтед се борат за потписот на Рабио

Барселона и Манчестер Јунајтед се борат за потписот на Рабио

Барселона и Манчестер Јунајтед ја сакаат ѕвездата на Јувентус и француската репрезентација, Адриен Рабио, пренесуваат италијанските медиуми.

Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска и гледа шанса да донесе големо засилување без обештетување.

Поради тоа Каталонците наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Рабио, бидејќи сакаат да ја победат конкуренцијата.

Манчестер Јунајтед уште минатото лето го сакаше Французинот и не се откажува од негов ангажман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…