Дома Трансфер зона Барселона и Атлетико го сакаат Марсијал

Барселона и Атлетико го сакаат Марсијал

Францускиот напаѓач Ентони Марсијал готово сигурно во зимскиот преоден рок ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Марсијал е во Јунајтед веќе шест години, но никогаш во целост не ги оправда очекувањата и во моментов е во втор план кај Солскјер.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Напаѓачот не е задоволен од својот статус и го известил раководството дека сака да ја промени средината во зимскиот преоден рок.

Проблем може да претставува цената која на постави Јунајтед и за неговата слободабара 40 милиони фунти.

Англиските медиуми пренесуваат дека Марсијал е најблиску до преселба во Примера, каде најсилен интерес покажуваат Барселона и Атлетико Мадрид.

Интерес покажува и Јувентус, но „старата дама“ го сака Французинот на позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…