Дома Топ вести Барселона го сака „бразилскиот Меси“

Барселона го сака „бразилскиот Меси“

16-годишниот Естевао Вилијан кој е дел од тимот на Палмеирас важи за еден од најголемите таленти во Бразил.

Барселона го следи веќе подолго време и сака да го донесе во своите редови, бидејќи е убедена дека станува збор за новата фудбалска ѕвезда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И покрај тоа што е баран од многу клубови, и тој самиот преферира преселба во Барселона, а во татковината веќе го доби епитетот „бразилскиот Меси“.

„Мојот најголем сон е да играм во Барселона. Ги гледам сите натпревари, уживам, и навивам за тој клуб. Многу се воодушевувам од играчите кои таму се развиваат и се надевам дека и мене ќе ми се случи истото“, изјави Вилијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

 Интер и Јувентус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесу…