Дома Топ вести Барселона го има најлошиот старт на сезоната после скоро три децении

Барселона го има најлошиот старт на сезоната после скоро три децении

Барселона синоќа во Мадрид е поразена од Атлетико во рамките на 10. коло од шпанската Ла Лига.

Овој пораз ја разбуди кризата која владее во Барселона. Каталонците се во финансиски проблеми, некои од играчите веќе сакаат да заминат, клубот неодамна остана без комплетната управа, а навивачите се молат да замине и тренерот Роналд Куман.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сето тоа резултираше со очаен почеток на сезоната и ретко кој се сеќава кога последен пат Барселона имала послабо отварање на сезоната. Последен пат кога Барса освои 11 бода после 8 одиграни натпревари беше во далечната 1991/92. Од тогаш, скоро три децении немале полошо отварање на сезоната.

Барса е само четири бода од зоната за испаѓање, а дури и оние кои се најголеми оптимисти веќе го прифатија поразот и се откажаа од титулата…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ита кон титулата, но и големо засилување од Баерн: „Близу е!“

Лондонскиот клуб оваа сезона по долго време може да се искачи на тронот на Премиер лигата.…