Барселона го совлада Атлетико Мадрид, со што значително се доближи до титулата во Примара, но го загуби еден од најважните фудбалери.
Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, во 22-та минута се здоби со повреда на задната ложа, па мораше да биде заменет.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Каталонскиот клуб по натпреварот потврди дека станува збор за истегнување на мускулот, па под знак прашалник е неговиот настап против Челзи, следната недела во рамките на Лигата на шампионите.
Иниеста е фудбалер кој во тој меч би бил од големо значење за Ернесто Валверде, па сигурно неговото отсуство ќе биде голем удар за Каталонците.