Дома Трансфер зона Барса ја одби првата понуда која пристигна за Ракитиќ

Барса ја одби првата понуда која пристигна за Ракитиќ

Раководството на Барселона одбило понуда од 13 милиони фунти за Ракитиќ од клуб од Премиер лигата откриваат шпанските медиуми.

Барселона е спремна да го пушти Ракитиќ во зимскиот преоден рок, но оваа понуда смета дека е премногу ниска.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Имено, каталонските медиуми откриваат дека Барса за слободата на 31-годишниот плејмејкер бара 30 милиони евра.

Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Милан и Интер се клубовите кои покажуваат сериозен интерес за Ракитиќ. Каталонски „Спорт“ открива дека Хрватот преферира преселба во Серија А, но италијанските клубови се спремни да го донесат само на позајмица.

Договорот на Ракитиќ со Барселона истекува во 2021 година, па клубот од Камп Ноу ќе направи се за да ја добие бараната сума во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…