Дома Топ вести Барса – Гризман, состанокот е договорен!

Барса – Гризман, состанокот е договорен!

griezman

Францускиот репрезентативец е отворен за трансфер на „Камп Ноу“ и тоа е јасно.

Минатото лето не сакаше да замине поради суспензијата на Атлетико (не можеше да доведува нови играчи), зимскиот преоден рок не беше погоден момент поради купувањето на Фелипе Кутињо, но ова лето изгледа е вистинскиот момент за трансфер во Барса, поточно од 1 јули.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неколку месеци наназад првиот оперативец на Барселона, Роберт Фернандез и неговите соработници го припремаат теренот за еден од најголемите трансфери во шпанскиот фудбал.

Сега каталонскиот „Спорт“ тврди дека закажан е состанок помеѓу агентите на Гризман и луѓето од Барселона.

Засега не е познат терминот и местото на состанок, но Гризман е приоритет на Барселона и се би можело да биде завршено пред почетокот на Мундијалот во Русија. Самиот Гризман неодамна истакна дека би сакал неговата иднина да биде решена до средината на јуни, со цел со мирна глава да го дочека Светското првенство.

Она што секако и оди во корист на Барселона е желбата на Французинот да го облече дресот на веројатно новиот шампион на Шпанија. Таквата ситуација би требало да го забрза процесот и се би можело да биде решено во наредните недели. Барселона нема проблем да ја исплати платата на Гризман од 220.000 евра неделно, па дури и нешто повеќе доколку е потребно, иако самиот фудбалер наводно е спремен да игра и за помала плата за да биде во тимот со Меси, Иниеста и Кутињо.

До почетокот на Мундијалот остануваат уште нешто помалку од три месеци и дотогаш се би требало да биде решено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…