Дома Македонски спорт Барди: Со мојот гол добивме самодоверба (ВИДЕО)

Барди: Со мојот гол добивме самодоверба (ВИДЕО)

Eнис Барди денес постигна гол во победата на Леванте на гостувањето кај Еспањол од 1:3.

Барди го постигна голот за водство на Леванте од 1:2. Тој момент практично беше одлучувачки на натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Одигравме одличен натпревар во некои периоди бевме под притисок, меѓутоа ја имавме топката и контролата. После натпреварите со Валенсија и Севиља знаевме дека петте измени ќе ни донесат нешто добро. Мојот гол ја смири ситуацијата во периодот кога малку паднавме. Тогаш добивме самодоверба и до крајот игравме добро. Сега треба да продолжиме да собираме бодови, пред нас сега е Атлетико Мадрид“, изјави Барди по натпреварот.

По враќањето на терените после корона паузата Леванте има два нерешени натпревари и победа што е одличен учинок за овој тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Мурињо: Го сакам Реал Мадрид и Арбелоа, тој беше еден од моите омилени играчи

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, зборуваше пред медиумите на интересна прес-конференција …