Дома Македонски спорт Барди: Реал е голем клуб кој казнува грешки, Куртоа беше феноменален

Барди: Реал е голем клуб кој казнува грешки, Куртоа беше феноменален

Tимот на македонскиот фудбалер Енис Барди, Леванте вчера имаше тежок натпревар против Реал Мадрид.

Реал Мадрид му гостуваше на Леванте и на крајот успеа да слави победа од 0:2. Барди имаше неколку прилики на овој натпревар да постигне гол, меѓутоа Куртоа на голот на „кралевите“ беше одличен.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Имав три шанси да посригнам гол, меѓутоа Куртоа беше феноменален. Реал Мадрид е голем клуб и клуб со фантастични играчи кои не простуваат грешки. Доволна им е една шанса да постигнат гол и да ги свртат работите во своја корист“, изјави Барди по вчерашниот натпревар.

Ние да се надеваме дека ако Барди промашуваше против Реал Мадрид нема да промашува против Косово во четврток кога се игра големиот натпревар на „Арената Тодор Проески“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…