Енис Барди тешко го поднесува карантинот и во интервју за унгарските медиуми порача дека едвај чека се да заврши.
Фудбалот е стопиран веќе скоро два месеци, а фудбалерите формата мораат да ја одржуваат тренирајќи во домашни услови. Периодот на самоизолација кој полека завршува и добар дел од земјите во Европа започнаа со намалување на мерките тешко му паѓа и на Барди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас сум навикнат да живеам сам, но веќе карантинот ми станува неподнослив. Мислам дека сум блиску да полудам, се чувствувам како да сум во затвор, а не дома. Ако не беа тренинзите кои морам да ги одработувам сигурно ќе ми беше уште потешко. Добро е што пред да се затвориме купив одредени справи за вежбање и кога ми е досадно поминувам време на нив. Тоа во последно време се случува многу често“.
Како ќе биде да се игра пред празни трибни?
„Сигурно ќе биде тешко, до сега не сум имал ситуација да играм пред празен стадион, знам дека не е исто. Но, тоа е цената која мора да ја платиме ако сакаме побрзо да се игра фудбал. Здравјето за сите е најважно“.
На прашањето Роналдо или Меси, Барди го повтори одговорот кој му го даде Несторовски кога неодамнаа имаа вклучување во живо на Инстаграм. За него Меси е над сите.
„За мене нема дилеми. Меси е најдобар, не само во Шпанија. Го почитувам Роналдо и учам многу работи од него, но едноставно Меси е на едно друго ниво“, изјави Барди.
Инаку, Барди е интересен за медиумите во Унгарија затоа што пред Леванте го носеше дресот на Ујпешт.