Дома Македонски спорт Нова опција за Барди: Се сели во англискиот фудбал?

Нова опција за Барди: Се сели во англискиот фудбал?

Eкипата на Кардиф која се натпреварува во Чемпионшип би можела да биде нова дестинација на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Како што стојат работите, Барди оваа зима најверојатно ќе го напушти Трабзонспор со оглед на тоа дека е ставен на трансфер листата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Опцијата која се споменува во турските и островските медиуми е дека Кардиф ќе го доведе Барди на позајмица до крајот на сезоната, но не е познато дали би постоела клазула за обврска за откуп.Во овој момент тренер на Кардиф е турскиот стратег Ерол Булут.

Се поврзуваше Барди и со Унион Берлин од Бундеслигата, но од тоа веројатно нема да има ништо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Алфонсо Дејвис доаѓа во Мадрид како Мбапе

Реал Мадрид постигнал договор со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, пренесуваат…