Дома Македонски спорт Барди и Димитриевски може да станат и клупски соиграчи

Барди и Димитриевски може да станат и клупски соиграчи

Во последните денови Енис Барди се поврзува со многу клубови, откако Трабзонспор му соопштил дека нема да смета на него во вториот дел.

Прво се пишуваше за интерес на Торино и Мајорка, вчера се појавија информации дека и француска Ница сака да го ангажира, за сега да имаме нови клубови.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Имено, клубот на Столе Димитриевски, Рајо Ваљекано и Кадиз сега се наведуваат како клубови кои сакаат да го доведат.

Трабзонспор според информациите на турските медиуми подготвен е да го пушти Барди за сума од околу 2.5 милиони евра и се надева дека ќе го продаде до крајот на преодниот рок.

Барди во текот на летниот преоден рок дојде во Трабзон по испаѓањето на Леванте во втората лига, но клубот поради правилото за дозволениот број на странци сака да го продаде и да доведе нов странец на негово место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Тикет на денот (сабота, 12.04.2025)

Денес имаме одлична понуда пред нас и веруваме дека правилно ќе ја искористиме и дека ќе н…