Дома Македонски спорт Барди го сака и Валенсија!

Барди го сака и Валенсија!

Oткако вчера се појави информацијата од турски „Фанатик“ дека Фенербахче отворил преговори за ангажман на Енис Барди сега пристигнува вест дека и Валенсија сака да го ангажира македонскиот репрезентативец.

Валенсија сака да го „украде“ Барди од градскиот ривал Леванте каде што Барди веќе настапува пет години и стана еден од најважните играчи во клубот. Валенсија е посебно заинтересирана затоа што би можела да го доведе бесплатно ако Леванте испадне во понизок ранг, што е се поверојатно.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барди и во текот на зимото се поврзуваше со разни клубови, но на крајот остана во Леванте. Шпанскиот „ЕЛ Гол Дигитал“ пишува дека Валенсија го чека финалето од Купот после што посериозно би тргнала по ангажман на Барди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…