Марио Балотели ќе ја напушти Монца ова лето.
Италијанскиот напаѓач има понуда од Турција, поточно од новиот прволигаш Адана Демирспор, а од Монца потврдија дека не започнале преговори со Балотели за нов договор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Договорот на Балотели истече. Во овој момент нема преговори, ќе видиме што ќе одлучиме со новиот тренер“, изјави директорот на Монца, Адријано Галијани.
Во редовите на Монца Балотели помина пет месеци и на 14 натпревари постигна шест гола. Од турскиот клуб пак потврдија дека преговараат со Балотели.
„Преговараме со Балотели. Му доставивме официјална понуда и чекаме одговор“, изјави претседателот на Адана, Мурат Санчак.