Италијанскиот фудбалер, Марио Балотели би можеле повторно да го гледаме во Премиер лигата.
Според последните најави од Островот интерес за Балотели покажал Фулам. Фулам во овој момент е убедливо на првата позиција во Чемпионшип со 21 бод повеќе од Хадерсфилд и два натпревари помалку, па невозможно е да ја испуштат таквата предност до крајот на сезоната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Балотели наводно е една од желбите за засилување во нападот за следната сезона во најсилната англиска конкуренција.
Во овој момент Балотели настапува во Турција за Адана и на 22 натпревари постигна 10 голови и подели три асистенции. Со добрите настапи Балотели доби и повик од селекторот Роберто Манчини во репрезентацијата.