Maрио Балотели само детали го делат од потпис со бразилски Фламенго. Според пишувањето на „Газета дело Спорт“ и „Скај Спорт Италија“, Балотели ќе стави потпис на договор од две години вреден 15 милиони евра.
Трансферот на Балотели во Фламенго беше највен пред неколку недели, а сега едни од најпознатите светски медиуми пишуваат дека преостануваат само детали.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Балотели претходната сезона ја помина на позајмица во Олимпик Марсеј, но клубот од „Велодром“ не му понуди да го обнови договорот.
„Супер Марио“ така ќе им се придружи на Даниеле Де Роси, Фелипе Луис, Дани Алвес…Кои ова лето ја заменија Европа со Јужна Америка.