Баерн синоќа со 2:1 славеше против четвртолигашот Родинхаузен и се пласира во осминафиналето на купот, но овој триумф може скапо да ги чини.
Во 74. минута се повреди Тиаго Алкантара, кој доби силен удар во коленото. Првите прогнози не се позитивни, а спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ после натпреварот кратко прокоментира: „Не е добро.“
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Алкантара не изгледа добро, има силни болки во ногата. Ги чекаме деталите од прегледите.“ – прокоментира Нико Ковач после натпреварот.
Алкантара беше изнесен од теренот, а до автобусот дојде на патерици и со сигурност нема да игра во сабота против Фрајбург во Бундеслигата.