Дома Фудбал Лига на шампиони Баерн, Порто и Дортмунд се враќаат во полуфинале во ЛШ

Баерн, Порто и Дортмунд се враќаат во полуфинале во ЛШ

Постои голема веројатност полуфиналистите Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челзи да бидат исфрлени од Лигата на шампиони веднаш и да не го доиграат турнирот.

Ова го потврди членот на Извршниот комитет на УЕФА, Јаспер Милер, а конечната одлука ќе се донесе во петок.

Трите клуба се меѓу основачите на новата Суперлига, поради што УЕФА е против и се закани со исфрлање. Тие се во полуфиналето заедно со Пари Сент Жермен, кој засега не се изјаснува на темата дали ќе учествува во Суперлигата.

Германскиот весник „Билд“ ексклузивно пренесува дека планот е во полуфиналето да се вратат Баерн Минхен, Порто и Борусија Дортмунд и заедно со ПСЖ да се формираат два полуфинални пара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Meгваер повторно мета на сеир, Хал даде гол, а тој го чуваше соиграчот (Видео)

Манчестер Јунајтед запиша пораз во првото коло од новата сезона на Премиер лигата и тоа од…