Иднината на Адриен Рабио во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор со „старата дама“ истекува на крајот на сезоната.
Французинот има договор со Јувентус до крајот на сезоната, па многу е веројатно дека ќе замине како слободен агент.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со оглед на фактот дека Французинот игра одлична сезона, за него постои интерес од многу клубови ширум Европа.
Сега во трката за неговиот потпис се вклучи Баерн Минхен, бидејќи Тухел бара квалитетно засилување за средниот ред.
Бавраците се во потрага по квалитетен играч за врска и сакаат да ја искористат ситуацијата да го доведат Рабио без обештетување, а и самиот играч е отворен за преселба во Минхен.