Кристиан Пулишиќ не добива голема минутажа на „Стенфорд Бриџ“ и е спремен да го напушти Челзи.




23-годишниот крилен фудбалер е мета на многу европски клубови, но медиумите пренесуваат дека најсилен интерес за него покажува Баерн Минхен.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тренерот на Баерн, Нагелсман е голем фан на квалитетите на Пулишиќ и смета дека би бил идеално засилување за неговиот тим.




Пулишиќ има големо искуство во Бундеслигата и е спремен да се врати, но сака да види каква ќе биде ситуацијата во Челзи со новиот сопственик.