Дома Фудбал Германија Баерн доби уште една „корпа“!

Баерн доби уште една „корпа“!

Претходните денови се пишуваше за можно останување на Томас Тухел на клупата на Баерн Минхен откако клубот не успеа да го најде неговиот наследник.

Баерн со месеци безуспешно бара име за замена на Томас Тухел. Поради оваа причина се водеа преговори меѓу клубот и германскиот стратег околу неговиот потенцијален престој.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, како што потврди на денешната прес-конференција, неговата мисија во Минхен пред самиот крај.

Медиумите пишуваа дека се водат преговори помеѓу Тухел и Баерн. Германскиот стратег беше расположен да ја сослуша, но на крајот не се договорија.

„Ова е мојата последна прес-конференција на клупата на Баерн. Точно е дека имаше разговори меѓу нас, но не беше постигнат договор“, изјави Тухел.

Опцијата за Германецот е Премиер лигата и тој е еден од кандидатите да го наследи Ерик Тен Хаг ако Холанѓанецот и дефинитивно добие отказ во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Ливерпул нуди 40 милиони евра за фудбалер кој нема ниту еден професионален натпревар во кариерата

Англискиот гигант Ливерпул се подготвува повторно да биде во центарот на вниманието кога с…