БАЕРН МИНХЕН објави дека ќе го промени изгледот на својот грб. Промената не е голема: наместо постоечките нијанси на црвена и сина, на грбот ќе се користи нешто посветло. Баерн соопшти дека тоа го прави за да ја подобри „дигиталната пристапност“.
Посветлите нијанси ќе им овозможат на луѓето со слаб вид или оштетен вид полесно да го читаат натписот „FC BAYERN MÜNCHEN“, кој е испишан со бели букви.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оваа измена се согласија и претставниците на навивачите. Баерн последен пат го промени својот грб во 2017 година, а новиот грб ќе биде уште посличен на оној од 2002 до 2017 година, кој исто така имаше светли нијанси на црвена и сина боја.
Баерн е основан во 1900 година и оттогаш неколку пати го менувал изгледот на грбот.
Bayern Munich's evolution of its logo includes one that Bayern fans prefer to overlook pic.twitter.com/q3jJTqimIJ
— Historic Vids (@historyinmemes) April 12, 2024