Барн Минхен вечерва немаше проблеми и лесно стигна до победа против Салзбург од 7:1.
Првиот натпревар заврши без победник 1:1, а Баерн на домашен терен од самиот старт најави во каква насока ќе одат работите вечерва. Германскиот гигант после само 23 минути игра имаше предност од 3:0, па до крајот само остануваше отворено прашањето со каков резултат ќе се заврши натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите три гола за Баерн во тој период ги постигна Роберт Левандовски. До крајот на полувремето погоди и Гнабри за баварците со 4:0 да заминат на пауза. Во вториот дел Милер и Сане се погрижија за поубедлива победа. Милер постигна два гола во 54. и 83. минута, а Сане ги постави конечните 7:1 пред самиот крај. Почесниот гол за гостите беше дело на Кјаергард во 70. минута.